Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ќе учествува на два пријателски турнири, кои воедно ќе бидат филтер за играчите кои би добиле шанса во тимот на Благоја Милевски за евроквалификациите.

Македонија на првиот контролен турнир во Анталија од 24 до 29 март ќе одигра пријателски натпревари со Казахстан, Словачка и Бугарија.

Вториот контролен-филтер ќе биде на турнир во јуни.

Македонија во квалификациите за ЕП 2023 У21 ќе игра во групата со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија. Во првото квалификациско коло Македонија гостува кај Франција на 2 септември, а пет дена подоцна е домаќи на Србија во второто коло.