Македонија и Израел вечерва во Скопје на „Тодор Проески“ арената ќе го заокружат овој квалификациски циклус на ЕУРО 2020.

Двете национални селекции ги загубија шансите за пласман на континенталниот собир каде бараат можност за пласман преку Лигата на Нации.

Македонија и Израел се среќаваат по 7 пат, имаат одиграно само една пријателска средба, во Скопје пред 17 години, победи Израел со 1-2. Останатите соочувања се во рамки на квалификации за светско и иевропски првенство.

Во Скопје ќе се сретнат по четврти пат, Македнија нема пораз, загуби на сите три претходни средби, гол разликата е 4:7 во корист на Израел.

Двете селекции никогаш не одиграле натпревар без голови без оглед дали средбите се играле во Македонија или Израел.

Македонија сака победа за евентуално трето историско место во квалификации за Европско првенство, секако за да се случи тоа, покрај триумф над Израел, потребно е Словенија да загуби од Полска, расплет кој го посакуваме.

Средбата вечерва започнува од 20-45 часот.