Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес против Австрија го игра вториот меч во квалификациите за Мундијалот кој за две години ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

По очекуваниот пораз од Англија во Саутемптон, македонската репрезентација вечерва од 18 часот против Австрија бара шанса за подобар резултат.

Македонија загуби со 8-0 од Англија, додека Австрија ја декласира Летонија со 1-8 и тоа на гости, важат за фаворити во Скопје.