Македонската фудбалска репрезентација, вечерва во Виена и гостува на Австрија во квалфикациите за ЕП 2020, претпоследен натпревар за двете селекции во квалификациите.

Австрија е голем фаворит на средбата, со пет победи, една нерешена и два проази е втора на табелата, со бод од мечеот со Македонија ќе го завери пласманот на ЕП 2020.

Македонија има теоретски шанси за второт место, со две победи (Австрија и Израел) но и два порази на вечерашниот наш противник ќе стигне до второто место.

Теоретски шансата е тука, но се чини дека вистинската шанса за пласман на ЕП 2020 ја гледаме преку Лигата на Нации и баражот најнапред со Косово.

Игор Ангеловски не го соопштува составот како и обично, дополнителен проблем е вирусната стомачна инфекција на Горан Пандев чиј настап е неизвесен вечева на „Ернст Хапел“ стадионот.

Составот е енигма, ообено во одбраната, но според најавата од вчерашната прес конфренција, Македонија не е дојдена со бело знаме, ќе се надигрува со големиот фаворит.

Средбата ќе ја суди Мајкл Оливер од Англија, започнува од 20-45 часот.