Македоската женска фудбалска репрезентација на 28 септември во Скопје ќе ги започнат подготовките за дуелите со Србија и со Казахстан кои се дел од 1 група од квалификациите за пласман на ЕП во 2021 година.

Селекторот, Кирил Изов го објави списокот на повикани фудбалерки за овој двомеч. Меѓу повиканите е и нашата најдобра репрезентативка, Наташа Андонова од Леванте.

Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Улза Максути (Ас Јунајтед), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Наумовски Адријана (Ајова, САД), Димоска Теодора (Тиверија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија).

Македонија против Казахстан ќе игра на 2 а против Србија на 5 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.