Селекторот Игор Ангеловски денеска ќе ги има на располагање петмината кои вчера го пропуштија првиот тренинг по официјалниот собир на репрезентацијата на Македонија за дуелите со Австрија и Израел.

На денешниот тренинг на „ФФМ“ ќе присуствуваат и капитенот Пандев, Барди, Стефан Ристовски, Трајковски, Несторовски и голманот Димитриевски.

Нашата најсилна репрезентација ќе се подготвува во Скопје до четврток. Во петок фудбалареите ќе заминат за Виена каде во сабота ќе и гостуваат на Австрија. Дуелот со Израел е закажан за вторник, 19 ноември.