Македонската фудбалска репрезентација во октомврискиот циклус од квалификациите за ЕП во 2020, забележа победа над Словенија и пораз од Полска. Овие резултати Македонија ја сместија на 68 место на рангирањето на ФИФА со 1344 бодови, што е за едно место повисоко од минато месечната листа на ФИФА. г

Словенија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати се наоѓаат најблиску до нашата селекција со само неколку поени повеќе од нас и веќе следниот месец може да очекуваме дополнителен скок на ранг листата. трите репрезентациии кои имаат само неколку бода повеќе и се наоѓаат пред нашата репрезентација. Од националните тимови кои се во нашата квалификациски група, Полска е 21, Австрија е 25-та, Израел  е на 89-то место, додека Летонија е 143.

Лидер и за овој месец останува Белгија пред Франција, Бразил и Англија.