Македонската А футсал репрезентација следната седмица ја очекуваат три натпревари од предквалификациите за пасман на СП 2020 година.

Турнирот е во организација на ФФМ а нашата селекција ќе игра против Словенија, Косово и против Украина. Селекторот на Македонија, Иван Божовиќ ги повика следните играчи за престојниот предизвик во „Јане Сандански“.

Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи)

Одбрана:
Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи)

Напад:
Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи)

Македонија на 24 октовмри од 20 часот ќе игра против Словенија, следниот ден од 17:30 ја очекува дуелот со Косово а во третото коло на 27 октомври од 20 часот нашата репрезентација ќе истрча против Украина.