Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, нашите најдобри ракометни судии добија покана да бидат дел од натпреварите на Олимписките игри во Токио.

Македонската ракометна судиска двојка е веќе подолго време дел од „кремот“ на судии во Европа и светот, ова не е изненадување, едноставно е потврда на квалитетот кој го поседуваат.

Начевски и Николов досега судеа на сите големи натпреварувања, ова е континуитет за најдобриот македонски ракометен судиски пар и трети Олимписки игри за нив во кариерата.