Поранешниот фудбалер на Фулам и Панатинаикос, Омри Алтман од Израел,  кој што во последните две сезони го носеше дресот и беше капитен на Хапоел од Тел Авив потпиша 2 годишен договор со опција за трета година со португалскиот премиерлигаш Ароука.

Интересно е дека посредник во трансферот е менаџерот од Македонија, Хари Хоџиќ и агенцијата Џевахир менаџмент од Скопје, коишто освен работата со некои од најголемите таленти од целиот Балкан, успеаја во својот прв преоден рок да се пробијат и на европската фудбалска сцена.

Алтман официјално потпишува денес на пладне, а презентацијата со претставници од Скопје ќе биде попладнево во 17 часот. Израелецот беше дел од Фулам во периодот од 2011 до 2013 година, играше за младинскиот тим, потоа настапуваше за Макаби и Хаопоел од Тел Авив, во Панатинаикос играше од 2017 до 2019 година.