Најдобрата македонска судијка, Ивана Пројковска ќе ја има привилегијата да биде главен судија на финалето од Европското првенство за фудбалери до 19 години, одлучи УЕФА.

Во битката за тронот ќе истрчаат Франција и Германија а спортската правда ќе ја води нашата Пројковска која за прв пат ќе суди во вака големо финале. Таа во групната фаза на континенталниот собир ја делеше правдата на натпреварот меѓу Англија и Германија и на дуелот на Франција и Норвешка додека на полуфиналното соочување на Германија и Холандија беше четврти судија.

Германија е фаворит во пресметката со Франција големото финале во Шкотска ќе се игра во недела на стадионот „Сент Мирен“ со почеток од 18 часот.