Македонската фудбалска репрезентација утре против Холандија ќе го одигра последниот натпревар на ЕУРО 2020.

Поради Ковид-19 протоколите и одлуки на властите во Холандија, навивачите од Македонија не се во можност да бидат во Амстердам, но затоа таму се нашите иселеници кои повикуваат на завршен поздрав.

„Понеделник го играме последениот натпревар со Холандија во Амстердам.Да прославиме на начин кој ние знаеме заедно со песна и дружба како што доликува.Збирно место : Grolsch Cine Café Johan Cruijff Boulevard 598, 1101 DS Amsterdam Локацијата е во близина на самиот стадион,се собираме помеѓу 12:00 -12:30 часот на самиот ден на натреварот. Дојдете да уживаме заедно во успехот што го постигнавме,Македонија наша гордост светска !“ – стои во пораката од навивачите.