Најновото рангирање на светсакта фудбалска асоцијација и го носи 71 место на нашата најсилна фудбалска репрезентација. Промената на рангирањето ја носат натпреварувањата во Јужна и Средна Америка како и во Африка.

Од нашите противници во квалификациите за пласман на ЕП 2020, најдобро котира Полска која е на 20 место, Австрија е на 27 позиција, Словенија е 63-та светска фудбалска сила додека Израел на 84 место а Летонија на 134 позиција.

На врвот на ФИФА ранг листата нема промени, Белгија останува лидер, пред Бразил кој сега е втор а трета е Франција.