Вечерва (20-45) во Милано се игра големото „Дерби на Италија“, Интер е домаќин на Јувентус, двете најуспешни екипи во борба за врвот во калчото.

На стадионот „Џузепе Меаца“  кој е комплетно распродаден, Интер ќе има свои навивачи од Македонија. Претставниците на „Интер клуб Македонија“ се во Милано да го бодрат својот клуб.

 

Оваа официјална група „Интер клуб Македонија“ е дел од големото семејство на навивачи на Интер од целиот свет, вечерва со македонски знамиња ќе се бодри Интер за седум од седум во калчо лигата.