Американската телевизија ЕСПН го избра дресот на македонската фудбалска репрезенација за најубав дрес на Европското првенство.

Пред Европското се крена прашина кога ФФМ го претстави новиот дрес со бордо боја, по што федерацијата се повлече и одлучи на првенството да играме со старите дресови, како што бараа фановите.

Ова е само потврда дека федерацијата направи добар потег што се одлучи да играме со старите дресови на ЕУРО 2020 кои за странските медиуми преставуваат едни од најдобрите униформи на Европското првенство.