Фудбалерот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми,  ова лето може да се пресели во Русија.

Адеми изминативе години, имаше голем број на понуди, но и покрај тоа остана верен на „модрите“. Последни екипи кои пројавија интерес се двата најголеми руски клубови, ЦСКА Москва и Спартак Москва кои се во трка по потписот на македонскиот фудбалер.

Адеми со Динамо Загреб има договор до 30. јуни 2023 година, но според рускиот „Неваспорт“, македонскиот репрезентативец има големи шанси да се пресели во руската Премиер лига.