Македоснките претставници во натпреварувањата на УЕФА денеска ќе ги добијат противниците во квалфикациите за Лигата на шампионите  и Европа лигата.

Шкендија која ќе не претставува во квалфикациите за Лигата на шампионите може да добие еден од  овие пет тима,  Судува (Литванија ), Ференцварош (Унгарија), Клуж( Романија), Номе Каљу (Естонија) и Арарат (Ерменија). Шкендија е носител во Групата 1, првите натпревари  се на 9 и 10 јули, додека вторите се на 16 и 17 јули.

Академија Пандев како дебитант, Македонија Ѓ.П. и Шкупи исто така ги знаат можните противници. Академија Пандев е групата 5 меѓу неносителите, можни противници се:

Зрињски Мостар (Босна и Херцеговина), Фехервар (Унгарија),Левски Софија (Бугарија),  , Шахтјор Солигорск( Белорусија) и  Нефтчи Баку (Азербејџан).

Македонија Ѓ.П. исто така е во група на неосители, можни противници на екипата од Ѓорче Петров се :

Алакршерт од Ерменија, Жалгирис од Литванија, Спартак Трнава од Словачка, Флора Еш од Луксембург и ОлимпијаЉубљана од Словенија.

Шкупи е во групата 9 на ждрепката за квалфикациите во Европа лигата, и оваа наша екипа е меѓу неносителите, еден од овие тимови ќе добие на денешната ждрепка :

АЕК Ларнака од Кипар, Хапоел Беер-Шева  од Израел, Сабаил од Азербејџан, Домжале од Словенија, Пјуник од Ерменија  и Будуќност од Црна Гора.

Првите натпревари се играат на 11 јули, седум дена подоцна се играат ребанш средбите.