Македонската фудбалска репрезентација го заврши својот престој во Букурешт , и предпладнево со чартер лет, ке се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот меч од групната фаза на ЕУРО 2020 , против домаќинот Холандија.

Домаќинот на овој меч ќе игра растeретено, бидејќи веќе го обезбеди првото место во Ц-групата и пласманот во елиминациската фаза, додека пак за нас останува да одиграме машки , и со стил да го завршиме , учеството на ова Европско првенство , кое беше историски настап за нас.

Натпреварот ќе се одигра на 21 јуни со почеток во 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.