Женската македонска репрезентација по триумфот над Казахстан, загубија убедливо од Србија со 6-0 во рамки на квалификациите за ЕП. Гостинките уште во 3 минута со голот на Дина Благојевиќ го најавија дебаклот, а до крајот на првиот дел Србинките постигнаа уште два гола.

На првиот гол во вториот дел, а вкупно 4 не се чекаше долго, откако по само 30 секунди Србија поведе со 4-0, за на крајот постигна уште 2 погодоци со што ги поставија конечните 6-0.

Следниот натпревар Македонија го игра против Австрија на 8 ноември во Скопје.