Настапот на Македонија на воведните два меча на ЕУРО 2020 во Букурешт, на Романија и донесе заработка од околу 450 000 евра.

Ова е информацијата која ја пласираше домаќинот на натпреварите Македонија – Австрија и Македонија – Украина за кои во Букурешт продефилирале околу 4000 навивачи од земјава.

Македонските навивачи испиле три цистерни пиво, или 75 000 литри, а потрошиле околу 450 000 евра.

Ова е уште еден доказ дека спортот во Македонија се сака и за време на пандемија и економска криза.