Организаторот на Светското ракометно првенство во Египет се соочува со низа критики уште на стартот од турнирот.
Откако дел од познатите европски ѕвезди реагираа по социјалните мрежи поради чинуте рестрикци и присуството на војници и дополнително обезбедување, со невообичаен проблем се соочи и македонската репрезентација.
Откако вчеравечер пристигнале во Каиро, биле тестирани веднаш а потоа и уште еднаш, за среќа сите се негативни на Ковид-19.
Утрово по краткот одмор во хотелот патувале по два часа во еден правец за да можат да одржат тренинг од 50 минути. Дополнителен проблем е тоа што во хотелот во кој се сместени нашите репрезентатативци и стучниот штаб има и други гости, и покрај најавите за „балон“ систем за заштита од Ковид-19.
بنحبك بجد يا كرة اليد. ❤️#مصر2021 pic.twitter.com/Tf1rq7BhV4
— Handball Egypt2021 (@Egypt2021) January 13, 2021
Македонија вечерва од 20:30 ќе истрча против Шведска во натпревар од првото коло во групата Г на Мундијалот во Египет.
Comments are closed for this post.