Уругвајскиот напаѓач Макси Гомез потпиша за шпанскиот фудбалски клуб Валенсија за сума од 40 милиони евра.

Селта за него доби двајца фудбалери, од кои еден од нив е Санти Мина, плус 16 милиони евра.

Макси потпиша договор до јуни 2024 година и неговата откупна клаузула изнесува 150 милиони евра.Тој имаше одлична сезона во „Ла Лига каде за Селта постигна 18 гола на 39 натпревари.