Англиските медиуми јавуваат дека пропадна трансферот на Макси Гомез од Селта Виго во Вест Хем. Според информациите, „чеканите“ беа расположени да ја платат откупната клаузула во висина од 45 милиони фунти за Гомез, но не најдоа заеднички јазик со шпанскиот клуб околу деталите и начинот на исплата.

Гомез во моментот се наоѓа пред трансфер, но ќе остане во Шпанија, а негов следен клуб се очекува да биде Валенсија. Тимот од Местаља понудил финансиски средства плус играч за услугите на Гомез.

22-годишниот Гомез се очекува во текот на денот да ги финализира медицинските прегледи и да стави параф на договорот со Валенсија.