Шпанскиот клуб Малага, кој сезоната се мачи во Секунда, веројатно ќе биде купен од компанија поврзана со актерот и продуцент Џорџ Клуни, која има планови во Малага да развива своја продукција.

Сегашниот сопственик на Малага, шеикот Абдула ал-Тани, клубот го цени 100 милиони евра, додека американската компанија нуди 36 милиони евра. Преговоритепродолжуваат.

Американците имаат намера од клубот да направат реалити шоу, да го снимаат секојдневниот живот на екипата, слично на филмот „Шоуто на Труман“.