Првиот човек на Олимпискиот комитет на Италија, Џовани Малаго уверен е дека Серија А ќе продолжи во јуни. Сите спортови во Италија веќе два месеци се прекинати поради пандемијата од Коронавирусот.

Неодамна на фудбалерите им е дозволено да се вратат на индивудуални тренинзи, додека екипни тренинзи ќе бидат дозволени од 18.мај.

„Би рекол дека постои 99% можност Серија А да продолжи од 13 јуни. Сепак, не знам колкава е веројатноста истата да се заврши. Не гледам на кристална топка. Постои ризик, но засега единствена примарна цел е Серија А да продолжи“- изјави Малаго.

До крајот на калчолигата останаа уште 12.кола, а на лидерската позиција е Јувентус со еден поен предност во однос на Лацио.