Екипата на Милан синоќа го забележа четвртиот пораз сезонава од тимот на Фиорентина со што се продлабочи кризата кај „росоњерите“. Овој пораз го стави во неповолна позиција тренерот Марко Џампаоло за кого италјнаските медиуми пишуваат дека е пред отказ, но сето тоа го демантираше директорот Паоло Малдини.

„Го избравме тренерот, ќе го браниме, исправно е да му дадеме некое време. Знаевме дека ќе имаме проблеми со кои ќе мораме да се соочиме, иако очигледно е дека не очекувавме да загубиме на четири од првите шест натпревари, ама исот и квалитетот на фудбалот е незадоволителен“. – изјави  Малдини.

За Милан ова е најлош старт во Серија А во последните 80 години.