Марио Манџукиќ ќе биде нов играч на Милан, ова го тврдат медиумите од Италија и Хрватска.

Според извори од Италија, Паоло Малдини лично разговарал со Манџукиќ, Хрватот позитивно одговорил на понудата и набрзо ќе се официјализира трансферот.

Манџукиќ прифатил да игра за Милан за да му докаже на Јувентус дека е се уште играч кој вреди и дека ќе постигнува многу голови за „росонерите“, тврдат медиумите од Хрватска.

Хрватот од 2015 до 2019 година играше за Јувентус, сега ги одбил клубовите од Москва, ЦСКА, Локомотив и Спартак за да дојде повторно во Италија, има шампионски амбиции а годишната плата ќе изнесува 1,8 милиони евра.