Денеска својата оставка ја поднесе Јирген Клинсман, тренерот на Херта. Новиот тренер, чие име се уште не се знае, ќе биде осми тренер на новајлијата на Херта, Полјакот Кжиштоф Пјонтек, за последните 1,5 сезона.

На лето 2018 година тој ја напушти татковината и се пресели во Џенова, каде почна со тренерот Давид Балардини, па продолжи со Иван Јуриќ, а заврши со Чезаре Прандели.

Во јануари 2019 година Пјонтек се пресели во Милан кај Џенаро Гатузо, кого го смени Марко Џампаоло, а овој пак е отпуштен во октомври и заменет со Стефано Пиоли.

Во овој зимски преоден рок Пјонтек се сели во Херта, но по само неколку недели оставка поднесува Клинсман.

Новиот тренер ќе му биде осми за 1.5 сезона.