Како што наведуваат светските медиуми Валенсија ќе доби нови, многу богати сопственици. Тунку Исмаил Султан Ибрахим е многу блиску до купување на Валенсија.

Питер Лим, бизнисменот од Сингапур, е омразен меѓу фановите затоа што веќе седум години не успева да го спаси бродот кој тоне, па сега би можеч да крене раце од проектот и да го предаде на некој што повеќе ќе му се посвети.

Принцот од Малезија, инаку престолонаследник на Јохор, една од 13-те држави од кои Малезисија се состои, тежи околу 28 милијарди долари, така што со неговто доаѓање Валенсија значајно би се засилила финансиски.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, оваа работа би можела да вреди дури 408 милиони евра.

„Мојот мотив не се парите, туку испишувањето историја и слава. Не сум нов во фудбалот. Го основав клубот ЈДТФЦ, и од кандидат за испаѓање го доведов до статус на државен шампион. Освоив 16 титули за осум години. Најголем клуб сме во Јужна Азија и еден од најголемите во цела Азија“- вели принцот.

„Сакам да ја проширам империјата, да ги раширам крилата, да одем во пресрет со новите предизвици. Не сум човек кој ќе ја менува традицијата или клупскиот грб. Овде сум поради слава, успех и историја. На Валенсија и е потребен некој кој го познава фудбалот, гладен за успех, кој разбира колку е Валенсија голема. Првиот чекор е да ја вратиме Валенсија на фудбалските луѓе“– заклучува принцот.