Крилниот плејмејкер на Барселона, Малком кариерата ќе ја продолжи во Русија, пренесуваат медиумите од Шпанија. По доаѓањето на Гризман се променија плановите на Валверде, па место за Малком во почетниот состав нема но нема ни на клупата за резерви.

Барселона во последне момент успеа да ја добие трката со Рома минатата година за да го купи Малком но Бразилецот не се докажа но и не доби вистинска шанса на „Камп Ноу“.

Руски Зенит е во преговори со каталонците за евентуално купување на Малком кој се поврзуваше со трансфер и во Наполи, Арсенал, Ливепрул и во Борусија Дортмунд.