Малку и добри вести за фановите на Јувентус, откако клубот не ја отвори сезоната како што очекуваше. Во Торино ќе остане Пауло Дибала, кој ќе потпише нов договор.

 „Блиску сме до договор. Останаа некои ситници, така што можеме да кажеме дека е завршена работа”- изјави легендарниот Павел Недвед.

Покрај Аргентинецот, како што најави Недвед, Јувентус преговара и со Хуан Куадрадо за продолжување на неговиот договор.

Јувентус дури во петтото коло стигна до триумф оваа сезона во Серија, откако потешко од очекувањата славеше со 2:3 против Специја.

Во Лигата на шампионите започнаа подобро и во првото коло како гости го победија шведскиот шампион, Малме со 0:3.

Јувентус најави промени оваа зима кога станува збор за играчите, па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа.