Шпекулациите кои го поврзуваа Ибрахимовиќ со враќање во Англија во декември минатата година се потврдија како точни.

Ветеранот бил во завршни преговори со Лидс каде што настапува Езџан Алиоски за ангажман во јануари оваа година.

„Разговарав со Златан. Тој можеше да биде нашиот завршен удар за враќање во Премиер лигата. Но Ибрахимовиќ одлучи да ја прифати понудата од Милан.“ – изјави сопственикот на Лидс, Андеа Радизани.

Лидс оваа сезона се бори за кам-бек во Премиер лигата каде последен пат настапуваше пред 16 години.