Оле Гунар Солскјер е решен ова лето Манчестер Јунајтед да добие ново офанзивно крило кое ќе „оперира“ на десната страна во нападот.

Според последните најави од Италија, „Ѓаволите“ ќе се обидат да го донесат Фредерико Киеза од Фиорентина. Ако ова не биде возможно ќе се насочат кон ангажман на Даглас Коста во Јувентус.

Солскјер нема ништо против за еден од овие двајца да биде потрошено над 60 милиони евра.

Киеза е трансфер цел и на Јувентус додека Коста има можност да преговара со ПСЖ.