Дин Хендерсон во следните пет до шест натпревари ќе биде прв избор за голманската позиција во Манчестер Јунајтед, откако Де Геа побарал и добил одмор од еден месец.

Шпанскиот голман го очекува своето прво дете со неговата партнерка Едурн, која се очекува да се поради во следните две недели.

Солслјер му дозволил на Де Геа завчера да замине за Шпанија, со што Хендерсон веќе добил најава од Норвежанецот дека треба да се подготви за следните шест натпревари на кои со сигурност ќе биде прв избор за голманската позиција.

Ова значи дека Јунајтед ќе биде без Де Геа за дуелите со Манчестер Сити и Вест Хем во Премиер лигата, како и за дуелот со Милан во Лига Европа и со Лестер во четвртфиналето од ФА Купот.