Резултатската криза во која се наоѓа Манчестер Јунајтед не е проблем за челниците на кинеската компанија, Хаиер која е заинтересирана да стане главен спонозор на дресовите на „Ѓаволите“.

Челниците на Јунајтед се во потрага по нов главен спонзор, ова откако од Шевролет најавија дека се незадоволни од промоцијата која го добива бренодот и планираат да го изменат договорот според кој на клубот од „Олд Трафорд“ му плаќат по 64 милиони фунти годишно што е рекордно најскап договор во светот.

Најавата е дека кинеската компанија е подготвена да плаќа по 70 милиони фунти годишно и дополнително да донесе уште некој спонзор покрај новата соработка со Лего, Конами и Јабо Спорт.

Од Шевролет најверојатно нема да имаат ништо против предвреме да го раскинат договорот со Јунајтед кој истекуа во 2021 година.