Манчестер Јунајтед активно се вклучени во борбата против Коронавирусот, а по тој повод тие донираат оброци на вработените во NHS и банките за храна.

Покрај ова „црвените ѓаволи“ поткренаа иницијатива и ќе донираа  300 000 фунти на локалните училишта за да им се помогне во напорите за помош во борбата против Коронавирусот.

Ова следува, откако претходно англискиот гигант обезбеди  60,000 бесплатни оброци на вработените во NHS, како и поддршка за локалните банки за храна. Средствата што се донираат на училиштата треба да се искористат за да им помогнат на ранливите семејства чии им се потребни основни продукти како храна, облека, енергија, ИТ опрема и лекови.

Извршен директор на Фондацијата Манчестер Јунајтед, Шинон Шилс ова го прават во духот на вистинските партнерства меѓу луѓето.

„Ние навистина го цениме односот што го имаме со нашите училишта, и во духот на вистинските партнерства, ние сме задоволни што можеме да понудиме поддршка за оние семејства кои имаат најголема потреба“-изјави Шилс.