Откако Борусија Дортмунд потврди дека Џејдон Санчо ќе остане во клубот во новата сезона, од Манчестер Јунајтед веднаш реагираа кон алтернативните решенија за засилување на деснокрилната позиција во нападот. Шпанските медиуми ја потврдија најавата на островските, дека „Ѓаволите“ доставиле понуда од 65 милиони евра до Барселона за купување на Осман Дембеле.

Од друга страна, има и шпекулации дека Санчо бил разочаран од потегот на Борусија Дортмунд да ја одбие последната понуда на Јунајтед и деновите ќе побара да биде ставен на трансфер листа за да може да го реализира неговиот премин на „Олд Трафорд“.

Солскјер сака да го ангажира Санчо и се верува дека нема да се откаже до крајот на летниот преоден рок.

Во меѓувреме Џек Грилишод Астон Вила побарал состанок со челниците на клубот кои за него на Јунајтед му бараат 80 милиони евра, плејмејкерот побарал цената да биде спуштена на 50 милиони евра, за тој да може да направи трансфер во Јунајтед.