Управата на Манчестер Јунајтед е во завршни преговори со агентот на Пол Погба, Рајола околу евентуалното продолжување на договорот.

„Ѓаволите“ му нудат на Погба 400 000 фунти неделно и договор на пет сезони, ако ова се покаже како недоволно за Французинот да остане на „Олд Трафорд“ ќе биде продаден, а како следни дестинациите се издвоени Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ.

Солскјер неодамна изјави дека очекува Погба да остане во Манчестер уште многу години и заедно со Фернандес и Рашфорд да го предводат клубот во обидот да стигне до титулата во Премиер лигата.

Погба ако го прифати новиот договор, ќе стане најскапоплатен играч на Манчестер Јунајтед во моментов. Во меѓувреме започнати се преговори и за нови договори со Бруно Фернандес, Лук Шо и со Едиосн Кавани.