Манчестер Јунјтед испрати официјална жалба до Независната организација за медиумски стандарди (IPSO), во која го обвини весникот The Sun дека однапред знаел, но не ги извести властите, за подготовките и нападот врз куќата на потпретседателот на МЈ, Ед Вудворд.

Сметаме дека весникот The Sun имал претходна информација за претстојниот напад, чија цел беше да причини материјална штета и да заплаши. На местото на настанот бил новинар на весникот, а квалитетот на фотографиите покажува дека бил и фоторепортер.

Новинарот не само што не ја исполнил својата законска обврска да соопшти за подготовките за напад, за да спречи потенцијална опасност и штета, туку со своето присуство ги охрабрувал престапниците, со што го наруши кодексот на IPSO, но и на новинарската етика“, стои во жалбата на Манчестер Јунајтед.

Нападот врз куќата на Ед Вудворд се случи на крајот на јануари, кога 30-тина хулигани од екстремната група „Men in black”  фрлиле бакљи, со спрејови ја ишарале оградата и упатиле заканувачки пораки меѓу кои и дека му претстои најлошто: ЌЕ УМРЕШ!