Манчестер Јунајтед не успеа да постигне договор со Пол Погба, па постои можност тој да биде продаден ова лето.
Затоа Оле Гунар Солскјер веќе бара можни замени.

Холанѓанецот Дони ван де Бек остана во „Театарот на соништата“, тој сака да се наметне, но Солскјер сака да создаде конкуренција за позиција во средина.

Островските медиуми јавуваат дека покрај Саул Нигез од Атлетико, кој долго време беше мета на Јунајтед, сега е во игра и друго име.

Станува збор за Германскиот репрезентативец, играчот за врска на Баерн, Леон Горецка, чии преговори со Баерн за нов договор влегоа во неволја.

Оттука, Јунајтед се надева дека може да ја искористи ситуацијата и да го убеди да се пресели во Англија.

Станува збор за поранешен играч на Шалке кој пристигна на „Алијанц Арена“ во 2018 година за само пет милиони евра.

За Баерн постигна 25 гола на 112 натпревари, додека беше стрелец 14 пати на 35 натпревари за германската репрезентација.