Манчестер Јунајтед оваа сезона ги бележи најлошите резултати во својата историја од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ по осум одиграни кола се наоѓаат дури на 12. позиција во Премиер лигата со само девет освоени бода и се чини дека повторно ова ќе биде една од најтешките, ако не и најтешка сезона за клубот откако постои Премиер лигата.

Попрецизно кажано, веќе е најтешка ако се гледаат само воведните осум кола. Јунајтед никогаш откако постои Премиер лигата немал вака лош старт на сезоната, а полоши од 2019. година биле само во 1989. година кога во првите осум кола освоија исто толку бодови.

„Црвените ѓаволи“ осум гостувања во низа не успеале да ги решат во своја корист и тоа исто така им е најлошата низа во историјата на Премиер лигата.

Секако, навивачите, но и многу поранешни фудбалери на клубот веќе го обвинуваат тренерот Оле Гунар Солскјер кој е менаџер со најслаб процент на победи од сите кои во клубот пристигнаа по Алекс Фергусон.