Управата на Манчестер Јунајтед нема повеќе време и нерви за да го корегира однесувањето на Погба на и надвор од теренот и е решена да се ословоди од Французинот во летниот преоден рок.

Поради лошата форма, честите повреди и лоши реакции, Погба ќе може да го напушти Манчестер Јунајтед во јуни за 60 милиони евра. Ова прв ќе се обиде да го искористи Реал Мадрид кој го следи Погба повеќе од три години.

Шпански „Ас“ тврди дека Зидан сака да го има Погба во тимот и со тоа да започне реновирањето на првиот состав на „Кралевите“ кои планираат да тргнат и по Халанд и Мбапе.

Јувентус е вториот клуб кој е сериозно заинтересиран за Погба. Првакот на Италија сака да го врати назад плејмејкерот кој се прослави во Торино.