Непосредно откако Крис Смолинг изјави дека е горд што има можност да игра во дресот на Рома, упрвата на Манчестер Јунајтед се согласила да ја намали цената која ја бара за трансферот на дефанзивецот.

Смолинг во моментов е на позајмица во Рома и до пред една недела за него бараа 25 милиони евра. Според последните информации од Англија, „Ѓаволите“ се согласни да го продадат Смолинг за 18 милиони евра.

Смолинг оваа сезона одигра 28 натпревари за Рома и постигна два гола и една асистенција. Покрај Рома за Смолинг се заинтересирани и Арсенал и Тотенхем.