Ерик Баје фудбалерот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска , денеска официјално го продолжи договорот со Јунајтед до 2025 година.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска не беше задоволен од статусот во екипата и се зборуваше дека не очекува да добива поголема минутажа од Оле Гунар Солскјер, но сега потврди дека ќе остане на „Олд Трафорд“.

„За мене е сон да бидам овде, ја играм петтата сезона и се надевам ќе останам уште долго“, – изјави Бајe 

Бајe зад себе има 100 настапи во дресот на Јунајтед, а со „ѓаволите“ ја освои  Лига Европа, а сезонава има шанси да го освои и вториот трофеј во ова натпреварување.

Во Англија пристигна од Вилјареал во 2016 година.