Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало, се уште не тренира со фудбалерите на Јунајтед.

Според информациите на The Times, клубот го смести Игало во двонеделен карантин, како мерка за безбедност од евентуалната зараза со коронавирусот, бидејќи фудбалерот е позајмен од кинескиот Шангај Шенхуа.

Според изворот, Игало се уште нема стапнато во тренинг базата во Карингтон.

Две седмици е инкубацискиот период на коронавирусот и по тој период, сметаји од денот кога пристигна од Кина, Игало ќе може да почне да тренира со екипата.

Прва негова возможна средба е таа со Челзи, на 17 февруари.