Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

The Athletic информира дека Германецот веќе доби понуди од Барселона и од Манчестер Јунајтед, но засега го чека потегот на Ливерпул, каде всушност и сака да игра.

Во договорот на Вернер има интересен член според кој со негова согласност тој може да биде откупен за 58 милиони евра, ако до тоа дојде до крајот на април.

Веќе протекоа информации дека Манчестер Јунајтед му понуди договор до 2025 година, со годишна плата од 8 милиони евра плус бонуси.

Оваа сезова Вернер настапи на 23 средби од Бундеслигата и има ефект од 21 гол и 7 асистенции.