Најтрофејниот фудбалски клуб од Англија ќе го испрати Ромелу Лукаку во Јувентус и ќе доплати уште 20 милиони евра за да го добие Пауло Дибала.

Ова го пренесува Скај Спорт откако двата клуба се договориле околу износот на трансфер уштетата која ќе ја плати Манчестер Јунајтед. Сари смета дека Јувентус ќе добие многу повеќе од Лукаку во нападот за разлика од Дибала кој не е во добра форма повеќе од една година.

Лукаку се поврзуваше и со трансфер во Интер но поради парите кои ги бараше Јунајтед за напаѓачот трансфер не се реализираше.