Милан Шкрињар веќе не е незаменлив во одбраната на Интер, па Манчестер Јунајтед и ПСЖ се подготвени да ја искористат ситуацијата и да го доведат во своите редови.

Централниот бек одамна е мета на европските гигантии, како Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен, но Интер без размислување ги одби сите понуди. Откупната клаузула на Шкрињар изнесува околу 65.милиони евра.

Покрај него на излезните врати од Интер е и Диего Годин, кој како и Шкрињар е во втор план. Конте предност им даде на Алесандро Бастони и Данило Д’Амбросио кои во последниот период се незаменливи во одбраната на „нероаѕурите“.