Манчестер Јунајтед има најмногу корист од одлуките на ВАР-технологијата, тврди ESPN.

Оваа сезона ВАР-системот 85 пати ги промени одлуките на судиите. Во 21 случај беа признаени головите, а во 46 случаи тие беа поништени.

По видеопрегледот петпати беше покажан црвен картон, но и трипати поништен. Исто така, во 15 случаи беше досуден пенал, а во четири откажан.

Сите решенија на ВАР-системот беа бодирани во посебен систем, за да се виде влијанието врз клубовите од Премиер лигата.

Најмногу ВАР му помогна на Манчестер Јунајтед, кој е оценет со +8. Брајтон има +7, Кристал Палас +5, Барнли +4, Саутемптон +3. Ливерпул и Манчестер Сити имаат по +1.

Најнегативно ВАР -системот делуваше на Шефилд Јунајтед, кој има -6, потоа следат Вулверхемптон и Ворвич, со по -5.