Интер доколку размуслува да го откупи договорот на Алексис Санчез на Манчестер Јунајтед ќе треба да му исплати 20.милиони евра кои „црвените ѓаволи“ ги бараат.

Според „Gazzetta dello Sport“, Интер сака да го задржи Чилеанецот, откако во продолжението од сезоната во Серија А на седум средби постигна еден гол и запиша дури пет асистенции.

Исто така, италјанскиот весник тврди дека Манчестер Јунајтед даде до знаење дека Санчез нема да може да остане на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер.